Никола Топиќ има рак, откри генералниот менаџер на Оклахома
Генералниот менаџер на Оклахома Сити Тандер, Сем Прести, денеска објави дека младиот српски кошаркар Никола Топиќ боледува од канцер на тестисите. Ова претставува нов тежок удар за 20-годишниот талентиран играч, кој и покрај тоа што минатото лето беше избран на НБА драфтот, сè уште не успеа да дебитира во најсилната лига на светот.
Препорачано
„Би сакал со вас да поделам вест за Никола Топиќ. Како што знаете, имаше хируршка интервенција на почетокот од подготовките за новата сезона, таа процедура беше неопходна и направена во Хјустон, за да се одреди дали има канцер на тестисите. Единствено што очекуваме од него во моментов е да се фокусира на тоа бидејќи е врвен приоритет. Ќе се врати да игра кошарка кога ќе може, немаме никакви очекувања на тоа поле. Ја има нашата целосна поддршка, љубов и потстрек“, изјави Прести.
Топиќ важи за еден од најголемите млади таленти на српската кошарка, со блескава иднина пред себе. Но, неговата кариера беше запрена уште во пролетта 2024 година, кога како играч на Црвена звезда заработи тешка повреда поради која ја пропушти целата сезона.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
36мин
-
53мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


