Фото: EPA/JOSE SENA GOULAO

Гендузи оди во Фенербахче, Лацио купува српски напаѓач од Салцбург

Турскиот фудбалски клуб Фенербахче постигна договор со Лацио за трансфер на играчот од средниот ред Матео Гендузи за вкупен пакет од 30 милиони евра, објавија турските медиуми, повикувајќи се на Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио.

Од оваа сума, 28 милиони евра се фиксни, додека преостанатите два милиони се издвоени како бонуси, откако „орлите“ инсистираа на подобри услови во споредба со првичната понуда од 27 милиони.

Се очекува Гендузи да му се приклучи на Фенербахче следната недела. Пред тоа, играчот од средниот ред ќе го одигра својот последен натпревар со тимот на Лацио – гостување против Верона.

Паралелно, Лацио активно работи на зајакнување на својот состав откако беше укинато ембаргото за трансфери врз клубот. Се очекува 22-годишниот напаѓач Петар Ратков од РБ Салцбург да ги помине медицинските прегледи, за кого ќе бидат исплатени 13 милиони евра плус бонуси.

Српскиот напаѓач треба да потпише договор до летото 2030 година со плата од 1,5 милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот