Газдата на Челси отпатува во Барселона за да му го украде Де Јонг на Јунајтед

Тод Боли е новиот сопственик на Челси/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Сопственикот на Челси, Тод Боли лично се ангажира за да се реализира најголемиот трансфер на „сините“ во летниот преоден рок и да му го украде Френки де Јонг на Манчестер јунајтед.

Имено, откако си заминаа директорите на Челси, Брук Бак и Марина Грановскаја, новиот сопственик не назначи нивни наседници туку ја презеде нивната работа и токму тој ја договори позајмицата на Ромелу Лукаку во Интер, а сега се подготвува да го направи најголемиот трансфер досега.

Боли отпатува во Барселона на преговори со првиот човек на каталонскиот тим, Жоан Лапорта, да да ја договори продажбата на бековите Маркос Алонсо и Сезар Аспиликуета кои сакаат да се вратат Шпанија.

Бидејќи Барселона нема средства за ги купи дефанзивците, Боли планира на Лапорта да му понуди размена со која Френки де Јонг би се преселил на „Стемфорд бриџ“ во замена за Алонсо и Аспиликуета.

Доколку се реализира оваа размена, Боли ќе му го украде Де Јонг на Манчестер јунајтед кој веќе неколку месеци кокетира со холандскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот