Газда од Богданци имал спор за исплата со фирма од Кванташки, го присилиле да потпише испратници за 38.000 евра

Кванташки пазар / Фото: Исмет Османи / Google Maps

Сопственик на фирма од околината на Богданци бил присилен да потпише испратници за фактури од 38.000 евра, откако дошол да реши спор околу плаќање со газда од скопската населба Гази Баба, соопшти МВР.

„На 04.10.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба, У.С.(45) од с.Селемли, општина Богданци, пријавил дека откако се договорил со Б.А., сопственик на фирма на „Кванташки пазар” во Скопје, да се видат и да ги надминат недоразбирањата што ги имаат нивните фирми околу плаќање на роба, У.С. дошол пред канцеларијата на Б.А., кој излегувал и му рекол да го почека во просториите на фирмата, каде две лица со закана го принудиле да потпише две испратници со две фактури со суми од по 1.170.000 денари“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот