Газда на шпански клуб не го послушал Четџипити и тоа му донело трофеј
Претседателот на Реал Сосиедад, Хокин Аперибај, откри необична позадина околу изборот на тренерот Пелегрино Матарaцо. Пред конечната одлука, тој побарал совет и од вештачката интелигенција, односно Четџипити.
Препорачано
Матарaцо пристигна во декември, кога тимот беше само два бода над зоната за испаѓање, но од тогаш ситуацијата целосно се промени. Круна на трансформацијата беше освојувањето на Купот на кралот пред неколку дена.
Прославата се одржа во понеделник, пред околу 100.000 навивачи, а успехот добива уште поголема тежина ако се знае дека ангажманот на Матарaцо првично беше оценет како ризичен. Шпанските медиуми потсетуваа дека тој не зборува шпански и дека претходно немал искуство во шпанскиот фудбал.
„Ерик Бретос (спортскиот директор) ми го предложи Матарaцо. Од љубопитност го прашав Четџипити дали би бил добар избор за Сосиедад и одговорот беше – не. Среќа што сепак му верував на Ерик“, изјави првиот човек на клубот.
Тој додаде дека уште на првата средба бил пријатно изненаден.
„Не го познавав, но ме воодушеви веднаш. Имаше детално познавање за тимот и презентираше врвна анализа. Одлуката ја донесов дури по петтиот разговор“, откри Аперибај.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
56мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


