Масакр при дистрибуцијата на храна во Газа/Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Газа: 18 убиени во израелско гранатирање во близина на пункт за дистрибуција на храна

Службата за цивилна заштита во Газа соопшти дека израелските сили денес убиле најмалку 18 лица, од кои 15 биле собрани во близина на точка за дистрибуција на храна во централниот дел од Појасот Газа.

Мохамед ал-Мухаир, од службата, за АФП изјави дека „18 лица се убиени како резултат на израелското гранатирање во Појасот Газа од зори, од кои 15 чекале помош“, додавајќи дека уште тројца биле убиени од гранати во близина на градот Газа, во северниот дел од палестинската енклава.

Според палестинските медиуми, меѓу загинатите е и капитенот на палестинската национална одбојкарска репрезентација, Ахмад ал-Муфти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот