Гатузо и Буфон први ќе ја платат цената на новата елиминација на Италија?
Џанлуиџи Буфон најави дека тој и селекторот Џенаро Гатузо ќе останат на чело на италијанската репрезентација до јуни, давајќи му време на Фудбалскиот сојуз да го најде новото раководство по шокантниот пораз од Босна и Херцеговина по изведување пенали во баражот за Светското првенство. Италија во финалето на доигрувањето загуби од БиХ и трет пат по ред остана без пласман на најголемата светска фудбалска сцена.
Препорачано
По поразот, претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз (ФИГЦ), Габриеле Гравина, потврди дека ги замолил Гатузо и Буфон, кој е раководител на делегацијата, да останат на своите позиции, иако ситуацијата сè уште е неизвесна.
„Ова е чувствителен момент и мораме да одвоиме време за да донесеме правилни одлуки“, изјави Буфон на прес-конференција.
„Јасно е дека спортската сезона завршува во јуни, па затоа е правилно и фер да бидеме на располагање на Сојузот, на претседателот и на сите кои ми укажаа доверба до тогаш“, додаде легендарниот голман.
Буфон ја доби функцијата во репрезентацијата летото 2023 година, додека Гатузо е селектор од јуни 2015 година. Во осум натпревари тој забележа шест победи и два порази.
ВИДЕО: Донарума збесна по поразот на Италија – сакаше да се тепа на теренот во Зеница
ВИДЕО | БиХ не спиеше ноќеска – се славеше пласманот на Светското првенство
ФОТО | Познати се сите 48 учесници на Светското првенство ова лето


