Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Печени тиквички – брз и здрав оброк

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес: печени тиквички.

– Во светот на брзото живеење, сè почесто ја бараме таа златна средина – оброци што се лесни за подготовка, а истовремено здрави и вкусни. Тиквичките, како еден од најблагодарните пролетни зеленчуци, го нудат токму тоа. Овој рецепт ќе ви покаже како со неколку едноставни состојки да подготвите јадење што изгледа и има вкус на вистинско домашно уживање – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 2 тиквички
– 4 јајца
– 150 г брашно
– 2 млади кромитчиња
– 5 лажици пармезан рендан
– масло и сол по вкус

Фото: Приватна архива

Подготовка:

1. Изматете ги јајцата и додајте ги ситно сечканите млади кромитчиња.
2. Тиквичките исечете ги на кругови (дебелина 0,5 см), посолете ги и оставете ги кратко да пуштат вода.
3. Извалкајте ги парчињата тиквичка во брашно и наредете ги во намастена тава.
4. Печете во загреана рерна на 220 степени Целзиусови околу 10 минути.
5. Извадете ја тавата, полевајте ги тиквичките со јајцата и кромитчињата, и одозгора наросете пармезан.
6. Вратете ги во рерна и печете дополнителни 10 минути, додека не добијат златна боја.

Совет: Послужете ги со чаша бело вино и лесна салата – идеален ручек или вечера за пролетен ден.

Едноставните состојки, кога ќе се спојат со малку љубов и внимание, можат да создадат вистинско кулинарско уживање.

На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот