Африм Гаши, претседател на Собрание Фото: Собрание Фејсбук

Гаши ќе оди на чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Ватикан

Според бугарски медиуми, пак, на чествувањето на светите браќа бугарската делегација ќе ја предводи премиерот Румен Радев, а ќе го придружува министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.

Претседателот на Собранието Африм Гаши годинава треба да ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј на 24 мај во Рим. Но, сè уште нема информација кој освен Гаши ќе биде во делегацијата при посетата на Ватикан.

Според бугарски медиуми, пак, на чествувањето на светите браќа бугарската делегација ќе ја предводи премиерот Румен Радев, а ќе го придружува министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. Засега нема информација дали Радев во својство на премиер и Гаши како претседател на Собранието ќе имаат можност да се сретнат во Ватикан.

Претходно шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова две години по ред ја предводеше државно-црковната делегација во Рим. Сиљановска при посетата во 2024 година беше на аудиенција кај папата Франциск, додека лани кај папата Лав 14.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, откако е на чело на македонската Влада досега не ја предводел државно-црковната делегација во Ватикан иако државниот врв за чествувањето на 24 Мај во Рим оди по принципот на ротација – претседател на државата, премиер и претседател на Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот