Дафина Стојаноска и Димитар Апасиев/ Фото: Слободен печат

Гаши ги замолил пратениците културно да се караат

Пратениците да го подигнат нивото на меѓусебна комуникација во и надвор од Собранието, а не преку преписки на социјалните мрежи да се понижуваат и навредуваат како што тоа го направија Димитар Апасиев од Левица и Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Собранието Африм Гаши побарал од координаторите ова да им го пренесат на пратеничките групи, брифира претседателот на Собранието.

– Го покренав прашањето на дигнитетот и на етичкиот кодекс на пратениците, околу начинот на кој се однесуваме како пратеници во Собранието и надвор од него. Ги замолив координаторите да им пренесат на пратениците да бидеме повнимателни едни кон други, а исто и кон граѓаните. Затоа што со односот што го имаме ние еден кон друг, често пати го уриваме и нашиот но и дигнитетот на  Собранието – рече Гаши.

Прашан дали мисли на препукувањата меѓу Апасиев и Стојаноска, тој рече дека не навел имиња туку дека општо зборувал.

– Не ги спомнав конкретно, зборував воопшто, но мислам дека сите се сложуваме дека тоа што го прочитавме не беше добро за угледот на Собранието. Само побарав од координаторите да зборуваат со пратениците да бидат повниметелни и да се почитуваме еден со друг. Политичките ставови може да ги кажеме каде сакаме јавно, но не мора да се понижуваме на таков начин едни со други – рече Гаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот