Гарсија: Македонскиот голман бранеше извонредно и понатаму сè зависи од нас
Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Руди Гарсија, не го криеше разочарувањето по натпреварот без голови против Македонија во Гент, но и покрај тоа остана оптимист за завршницата од квалификациите за Светското првенство.
Препорачано
Иако Белгијците важеа за апсолутни фаворити, не успеаја да ја скршат цврстата македонска одбрана, па со ремито изгубија важни бодови во битката за првото место во групата.
„Ништо не можам да им забележам на фудбалерите. Создадовме многу шанси и имавме огромен број удари кон противничкиот гол, но македонскиот голман бранеше извонредно. Кога не можеш да победиш, важно е барем да не загубиш“, изјави белгискиот стратег
Гарсија најави дека фокусот веќе е насочен кон следниот натпревар, кој ќе биде клучен за амбициите на „црвените ѓаволи“.
„Ако ги добиеме последните три натпревари, ќе ја завршиме групата како лидери. Сѐ зависи од нас,“ порача тој
Следниот предизвик за Белгија ќе биде дуелот со Велс, кој се игра веќе во понеделник на гостински терен.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
24мин
-
33мин
-
47мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


