„Гардијан“: Вучиќ е „Тројански коњ“ на Путин, загрозен е мирот на Балканот

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY/POOL

Британскиот весник „Гардијан“ пишува дека мирот на Балканот повторно е загрозен, а владите на ЕУ мора да ѝ се спротивстават на српската влада, пред да биде предоцна.

Во анализата за состојбите во Европа, Велика Британија, ЕУ и Западен Балкан, се споменува и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се нарекува „Тројански коњ на Путин“.

Во текстот, меѓу другото, се наведува дека Велика Британија мора да се доближи до европската политичка заедница, асоцијација од која земјата се „отцепи“ со Брегзитот.

„Но, посилната заштита од Русија значи и дека Тројанските коњи на Путин, како Унгарија на Виктор Орбан и Србија на Александар Вучиќ, треба да бидат порешително спротивставени. Ова отвора прашања пред се за спроведувањето на основните законски обврски од членството на Унгарија во ЕУ и натамошниот статус на Србија како земја кандидат за членство во ЕУ“, се вели во текстот.

На текстот се потпишани предводникот на Зелените во Европскиот парламент, Даниел Кон-Бендит, професорот на Европски студии на Оксфорд, Тимоти Гартон Еш, професорот на политичка теорија на Универзитетот во Лајпциг, Иренеуш Павел Каролевски и политологот Клаус Легеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот