Гантер од „Пријатели“ се бори со рак на простата: Веројатно ќе ја изгубам битката

Instagram
Instagram

Џејмс Мајкл Тајлер, или попознат по улогата на келнерот Гантер во хит – серијата „Пријатели“, открил дека води тешка битка со карцином на простатата.

Актерот бил гостин во програмата „NBC’s Today“ во која на водителот Крег Мелвин му открил дека ја дознал дијагнозата во септември 2018 година. Во текот на рутинскиот лекарски преглед дознал дека ракот се проширил и на коските.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nerd Informants (@nerdinformants)

Тајлер, кој се појави во сите 10 сезони на „Пријатели“ како сопственик и главен бармен во кафулето „Централ парк“, изјавил дека агресивниот карцином му го парализирал долниот дел од телото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Friends Lover (@friendss.loverr)

„Ми дијагностицираа рак на простата кој се прошири на моите коски“, изјавил Тајлер.

„Се занимавам со таа дијагноза скоро последните три – четири години… Тоа е 4-та фаза, односно доцна фаза на рак. На крајот, знаете, веројатно ќе ја изгубам битката“, истакнал актерот.

Тајлер изјавил дека лекарите биле оптимистични кога за прв пат му била дијагностицирана болеста, но ракот започнал да „мутира“ на почетокот на пандемијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AMA_FRIENDS (@amaly_friends)


На почетокот користел хормонска терапија која за околу една година била многу делотворна. Во текот на пандемијата минатата година, Тајлер раскажал дека ракот напредувал и се проширил на целиот организам, зафаќајќи го ‘рбетот што довело до парализа на долниот дел од телото. Актерот е моментално на хемотерапија.

Џејмс изјавил дека одлучил да излезе во јавноста со тешката дијагноза со цел да спаси барем еден живот бидејќи сака да ги охрабри луѓето да прават навремени тестирања.


„Ако се препознае доволно рано, може едноставно да се лекува. На никому не би му посакал да го помине она што јас морав. Тоа не беше едноставно“, рекол актерот.

Како потсетување, Тајлер се појави во специјалната епизода на „Пријатели“ која беше прикажана минатиот месец, но не сакал да се појави во живо туку се вклучи по пат на „Zoom“. Гартнер бил многу возбуден поради учеството, иако било само виртуелно. На тој начин сакал да избегне неговата болест да ја засени посебната епизода на култната серија.

Видео на денот