ГАЛЕРИЈА: Судот му одреди притвор на Мијалков во Шутка

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за укинување на мерката куќен притвор и му одреди ефективен притвор, до правосилност на пресудата на Сашо Мијалков.

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Судијката Џенета Бегтовиќ ја задолжи полицијата Мијалков да биде спроведен од неговата домашна адреса во КПУ Затвор Скопје.

Судот делумно го прифати барањето на Обвинителството и му одреди мерка куќен притвор.

Обвинителката Ленче Ристовска, како еден од застапниците на обвинението во случајот случајот „Таргет –Тврдина” побара ефективен притвор, наместо куќниот кој сега е во сила за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кому денеска во Основниот кривичен суд Скопје му беше изречена затворска казна од 12 години за овој предмет, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

-Сметаме дека мерката куќен притвор опеделена за обвинетиот мијалков не е доволна за обезбедување негово присуство, поради што предлагаме да му биде определена мерка притвор, рече обвинителката Ристовска.

Таа образложувајќи го барањето појасни дека вчера од МВР добиле известување дека не поседуваат техничка опрема и можност за 24 часовен видео надзор над Мијалков. Дополнително, рече, преку Европол е потврдено е дека Мијалков има дозвола за престој и регистрирана адреса во Прага и регистрирани две возила на свое име.

-Особено предлагам да се цени и фактот дека се работи за човек кој што е добро ситуиран, поседува приватни бизниси, членовите на неговото семејство исто така поседуваат приватни бизниси, и сето тоа му става на располагање можности, пред се финансиски, организира логистика и може да живее во бегство сосем комотно, рече Ристовска.

Одбраната на Мијалков смета дека предлогот на обвинетиот на Сашо Мијалков да му се определи за ефективна мерка притвор е неоснована, а како една од причините, меѓудругото наведе тоа што во моментов нав му е определен со решение КОВ бр. 61/2 домашен притвор пред кој, како што рече, стриктно се наведени основите и условите, односно обврските коишто обвинетиот треба да ги исполни.

-Дали до овој момент од донесување на ова решение со каква било постапка е нарушен кој било од овие обврски, односно основот за донесување на ова решение? Одбраната, а и вие сметам дека и јавниот обвинител сметам дека е свесен дека тоа не е сторено, не е повреден ниту еден основ, рече Шврговски.

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Во однос на тоа дека МВР не може да ги обезбеди обврските што се експлицитно дадени во Законот за кривична постапка и тоа се наведува како аргумент, односно основ поради кој на Сашо Мијалков треба да му се определи ефективна мерка притвор, Шврговски смета дека тоа што државата не може да го обезбеди она што Законот го бара не може да му се препише како пропуст на Сашо Мијалков.

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

-Државата се она што е наведено стриктно, експлицитно во Законот мора и треба да го обезбеди. Дали 24-часовниот надзор преку физичко обезбедување, а не преку електронска алка или видео надзор остава каков било сомнеж дека Сашо Мијалков може да стане недостапен на органите на прогонот и правдата? Секако дека одговорот е дека не може, рече Шврговски.

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Во врска со основот за барање притвор кој се однесува на имотната состојба на Сашо Мијалков и тврдењето дека таа би му овозможила, доколку стане недостапен, да може да се крие му била позната и на јавниот обвинител и на цела јавност бидејќи се работи за јавно достапни информации уште пред започнување на кривичната постапка, а и во целиот нејзин тек. Тоа, рече, во никој случај не може да биде основ за определување на потешка мерка кога тие податоци се јавно достапни, евидентирани и познати.  

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

-Од овие причини одбраната смета дека не е исполнет законскиот основ за определување на потешка мерка од онаа која што е предвидено во решението на Кривичниот совет, рече адвокатот Шврговски.

Ристовска побара притвор и за обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошковски, а како што рече, со оглед дека тие се во бегство, кој би почнала да се извршува од нивно пронаоѓање и врачување на решението, до правосилноста на постапката. Таа побара притвор и за Тони Јакимовски , поради висината на казната за ова дело, но и поради неправосилната осуда казна затвор за друго дело. За останатите обвинителката Ристовска побара да останат мерките кои се во моментот на сила.    

Одбраната на Грујовски и Бошковски смета дека предлогот за притвор за овие лица е неоснован и оти не би можел да се спроведе. Од тие причини, посочи нивниот адвокат, тие мерката е непотребна.

-И уште еднаш сакам да го реактивирам ставот на одбраната на Груевски и Бошковски, а тоа е дека за сите дела за кои денеска се осудени беше побарана екстрадиција како што наведовте во вашето експозе и сите судски истанци во земјата каде што беа затекнати вклучувајќи го и Врховниот суд на Република Грција одлучија дека не постојат услови за нивна екстрадиција а од причини што претседателот на Републиката со акт на милост ги ослободил од кривична одговорност и кривично гонење. Од тие причини имајќи го предвид ЗКП, имајќи го предвид Законот за меѓународна правна помош по кривична материја сметам дека против овие две лица не можеше да се изрече казна и не можеше да се поднесе предлог за определување мерка притвор, рече Шврговски.  

Обвинетиот Тони Јакимовски, реагираше дека барањето на обвинителството е нештребно, бидејќи како што рече, додека сите други се дале во бегство, тој останал да се брани и бил секогаш присутен, како и дека неговиот целокупен имот е ставен како залог за тоа.

Основниот кривичен суд Скопје во случајот „Таргет-Тврдина” за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК денеска изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65  години за 11 лица.

ВИДЕО | Пресуда со затворски казни: 12 години за Мијалков, по 15 години за бегалците Грујевски и Бошковски – Јанкуловска 4 години

Ристовска побара затворски притвор за Мијалков: Има адреса во Прага и е добро ситуиран за да живее во бегство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот