Фото: EPA-EFE/André Coelho

ГАЛЕРИЈА | Самба и бујни танчарки: Карневалот во Рио де Жанеиро се врати во полн сјај

По тригодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, улиците на бразилскиот град Рио де Жанеиро се повторно преплавени со бои, насмевки и спектакуларни костими.

Градот-домаќин на „најголемата забава на светот“ повторно блесна во полн сјај. Најпознатиот карневал се врати во петокот со неверојатни костими и самба танчери, кои парадираа по улиците на Рио де Жанеиро со звуците на музиката до зори.

Весела атмосфера, разиграна публика и илјадници учесници во шарени костими, како и голем број улични журки ги одбележаа првите денови на еден од најголемите карневали во светот. Според локалните власти, оваа година се очекува карневалот да го посетат повеќе од 40 милиони луѓе од целиот свет.

Најголемото шоу се одвива на Самбадром, карневалски простор, каде организаторите најавија околу сто илјади посетители дневно, заедно со 18 илјади паради.

Карневалот во Рио де Жанеиро е совршена можност да се вклучите во прекумерно уживање и задоволување на сите сетила, почнувајќи од добра музика, прекрасни костими, неповторлив спектар на бои, прекрасна храна и многу танцување. Карневалот прикажува различни култури, првенствено португалски и африкански. Бразилскиот карневал ја исполнува атмосферата со радост, ентузијазам и забава, што е причина за туристи од целиот свет да го искусат тоа единствено карневалско доживување.

Како што е случајот со фестивалите од ваков карактер на други места, карневалот во Рио има и економско влијание што многу Бразилци го чекаат цела година.

„Благодарение на зголемениот туризам, Рио де Жанеиро очекува околу 1 милијарда долари приход во своите барови, хотели и ресторани, изјави претседателот на туристичката агенција на градот, Рони Коста.

Фото: EPA-EFE/André Coelho
Фото: EPA-EFE/André Coelho
Фото: EPA-EFE/André Coelho
Фото: EPA-EFE/André Coelho
Фото: EPA-EFE/André Coelho
Фото: EPA-EFE/André Coelho
Фото: EPA-EFE/André Coelho

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот