ГАЛЕРИЈА: Еко-ревија во чест на британската кралица Елизабета

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Со модна ревија на облека изработена од природни и рециклирани материјали, еколошки прифатливи техники на изработка и реупотребени детали, вечерва во Музејот на современа уметност во Скопје беше одбележан националниот ден на Обединетото Кралство, односно роденденот на кралицата Елизабета Втора.

Поздравувајќи ги присутните на настанот, британската амбасадорка Рејчел Галовеј истакна дека ја Британија ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат за остварување на амбициозните цели за енергетска одржливост, кои предвидуваат државата за 51 процент да ги намали емисиите на стакленички гасови до 2030 година. „Ја поддржавме подготовката на Националната стратегија за развој на енергетиката на Северна Македонија а сега и планот за имплементација, кој ќе го отвори патот кон почиста, позелена и поодржлива енергија. Планот за имплементација ќе ги идентификува потребните активности за да се оддалечиме од енергијата од јаглен кон други алтернативи“, рече амбасадорката Галовеј.

Таа ја најави и Меѓународната Конференција на ООН COP26 која кон крајот на годинава треба да се одржи во Глазгов, Велика Британија и на која светот ќе мора да се обедини и конечно да се посвети на поамбициозни активности и цели за да се спречи катастрофалното затоплување на нашата планета. „Како што стојат работите сега, нема да успееме да ги исполниме нашите обврски од Париз за ограничување на зголемувањето на температурата на 1,5 ° C“, потсети Галовеј.

На настанот, на кој присуствуваа претставници на еколошки здруженија и активисти, како и претставници на државни институции од областа на животната средина, министерот за животна средина, Насер Нуредини, обраќајќи се на присутните потсети дека се очекува донесување на шест важни закони од областа на управување со отпадот, со кои треба да се направат позитивни промени во оваа област во земјата. Осврнувајќи се на модната ревија, подготвена од млади дизајнери од неколку факултети за дизајн од државава, Нуредини потсети дека и текстилот мора да се рециклира и дека модната индустрија на глобално ниво загадува повеќе од транспортот односно придонесува со 10 проценти од глобалните емисии на стакленички гасови.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот