ГАЛЕРИЈА: Без маски, но и без книги почна новата учебна година

УЧЕНИЦИ ПРВАЧИЊА ШКОЛО УЧИЛИШТЕ ДЕЦА СКОПЈЕ (1)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Новата учебна година денеска започна за околу 255 илјади ученици од основните и средните училишта. По две години пандемија, учениците конечно зачекорија во училиштата без посебни мерки и протоколи за заштита. Тие седнаа во училишните клупи без маски, без физичко растојание и без дезинфицирани раце, што ги ослободи да можат да се прегрнат со своите другарчиња по долгиот летен распуст. Првачињата, пак збунети, а родителите возбудени, со прегратка ги испратија во новите животни предизвици. Наставниците ја стартуваа новата учебна година со зголемени плати за 15 отсто што беше договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта. Според постигнатата Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование, најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари.

За учениците од прво, второ, четврто и од петто одделение се подготвени нови наставни програми, согласно Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно и, според планот, треба да биде заокружена за пет години во целото деветгодишно образование. Учебниците за овие одделенија се уште не се готови. Според новите наставни програми тие се во различна фаза на одобрување и додека ги добијат, учениците ќе учат од соодветни материјали во кои се разработени содржините од првото тримесечје. МОН уверува дека не се работи за скрипти, туку за материјали кои се квалитетни и креативни и кои учениците ги добиваат бесплатно.

Среќен почеток на новата учебна година на учениците им посакаа посакаа претседателот на државата, Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој годинава за првпат во училиште го испрати и својот син.

Претседателот Пендаровски на почетокот на новата учебна година го посети најстарото училиште во нашата држава, ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје и присуствуваше на свечениот прием за првачињата. На првиот училишен час тој им посака на првачињата успешна учебна година, изразувајќи уверување дека освен тоа што ќе стекнат нови знаења и искуствa, училиштето ќе им овозможи да воспостават и изградат другарства што ќе им бидат исклучително важни во иднина.

Со вложувања и реформски процеси, ние како Влада интензивно работиме на подобрување на образовниот систем во Република Северна Македонија, со што обезбедуваме квалитетно и достапно образование за секое дете, порача вчера премиерот Ковачевски. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на првиот училишен ден го посети новото основно училиште „Гоце Делчев“ во Општина Илинден.

– Први септември означува почеток на нови подвизи и нови успеси. Посебно сум среќен што денеска ве гледам радосни и што заедно го пуштаме во употреба овој нов објект каде ќе ги имате вашите спомени, вашите успеси и достигнувања, истакна министерот за Шаќири.

Отворањето на новото училиште не помина без проблеми. Имено, голем дел од родителите од општина Илинден се подготвени да ја бојкотираат наставата поради далечината на училиштето. Родителите велат дека најмногу им пречи далечината од старото училиште, и тоа што најмладите ќе треба да посетуваат настава во овој објект и тоа во две смени.

Градоначалникот Александар Георгиевски, пак, посочи дека превозот за децата од подалечните населби е организиран според ланскиот распоред. Децата ќе учат во две смени, но ќе почнуваат порано, па родителите ќе си ги земаат порано, а првачињата ќе имаат целодневна настава. За в година е планирано целодневна настава да има и за второ одделение, а потоа и за трето.

ГАЛЕРИЈА

УЧЕНИЦИ ПРВАЧИЊА ШКОЛО УЧИЛИШТЕ ДЕЦА СКОПЈЕ (1)
Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот