Годишнина од трагедијат во Кочани / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА | 63 празни столчиња за 63 загинати — годишнина од трагедијата во Кочани

Шеесет и три столчиња на кои е ставена по една бела ружа, со имињата и годината на раѓање на загинатите во кочанската трагедија се поставени во Паркот на револуцијата во центарот на Кочани, на годишнината од најголемата трагедија.

Годишнина од трагедијата во Кочани / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Годишнина од трагедијата во Кочани / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Годишнина од трагедијата во Кочани / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Спроти белите столчиња седат родителите на младите загинати со вперени погледи кон столчињата на кои е испишано името на нивното дете. Бројни делегации, амбасади, градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, доаѓаат и се потпишуваат во книгата на жалост.

Сиљановска на годишнината од трагедијата во Кочани / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Сиљановска на годишнината од трагедијата во Кочани / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Со минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани, ноќеска беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

ВИДЕО | „Слободен печат“ во Кочани, градот на тагата и гневот – година помина, болката никако

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот