Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во Кочани во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите.

Граѓанското здружение „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање и почит на жртвите каде пред една година во пожар животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени.

„Да застанеме заедно во тишина со нашите 63 ангели. Ќе оддадеме почит со една минута молк. Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува“, се вели во објавата од Здружението на Фејсбук.

Настанот е дел од повеќедневната програма со која Кочани ја одбележува годишнината од пожарот во дискотеката, една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија.

ВИДЕО | „Слободен печат“ во Кочани, градот на тагата и гневот – година помина, болката никако

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот