Премиера на документарниот филм „Талија“ – приказ на 125 години театарска уметност во Тетово

Во петок, на 2 јуни, во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Талија“ на режисерот Саше Серафимовски, кој обработува 125 години театарски живот во градот под Шара.

„Филмот обработува 125 години активна театарска игра и е интересен материјал. Тетовци ќе можат да погледнат една ретроспектува од 2 часа, а испродуцирани се четири дела по 90 минути кои опфаќаат три периоди.Првата театарска престава во Тетово е одиграна 1898 година,потоа следуваат активности на културните уметнички друштва како хорот „Бинички“ „Здружението Иљо Антески Смок“ и потоа работата на првиот професионален Градски народен театар. Веднаш по затворањето на Градскиот народен театар се оформува Драмското студио при Домот на култура формирано 1969 година на полупрофесионално основа“, изјави Саше Серафимовски режисер на документарниот фил „Талија“.

За потребите на филмот снимани се преку 50 луѓе од сите профили сведоци на тоа време како театролози, историчари, луѓе кои многу придонеле да се соберат материјалите. Ентузијазмот пред се помогна да се реализра ова дело.

„Сето ова е склопено во една прекрасна убава приказна како што вели еден од учесниците – „да беше оваа приказна некаде на запад ќе снимаа за нас игран филм“. Таа е приказна која има успони и падови, преку која тетовци треба да ја дознаат вистината така и почнува филмот – ова е вистината за Драмското студио Тетово оформено 1969 година како директен наследник на Драмскиот народен театар“, изјави режисерот Серафимовски.

Филмот започна да се снима уште во 2015 година, а беше завршен лани кога имаше една мала затворена премиера за самите учесници во филмот.Поголемиот дел од времето како што посочува режисерот Серафимовски е потрошено на истражување и постпродукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот