Гакпо оди на „Олд Трафорд“?

фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Британските медиуми најавуваат дека тренерот на Манчестер јунајтед, Тен Хаг инсистира на доаѓање на двајца врвни нови напаѓачи, од кои најмалку еден би требало да биде потпишан во текот на јануарскиот преоден рок.

Се очекува тоа да биде Коди Гакпо, најдобриот холандски фудбалер на ова СП кој беше на листата со желби и во текот на летото, но тогаш Тен Хаг се реши да потроши 100 милиони евра на Ентони од Ајакс. Цената на капитенот на ПСВ Ајндховен во меѓувреме скокна на 50 милиони евра, но „црвените ѓаволи“ ќе немаат проблеми да го платат ова за да го доведат Холанѓанецот во своите редови.

За летниот преоден рок ќе биде оставен мегатрансферот на Гонсало Рамос, кој по хет-трикот на осминафиналето против Швајцарија го доби прекарот „новиот Роналдо“. Младиот и суперталентиран Португалец има одлична сезона во дресот на Бенфика, но неговиот тим сигурно нема да го пушти среде сезона, особено откако минатото лето го продаде Дарвин Нуњез во Ливерпул. Сепак, преговорите Јунајтед – Бенфика би можеле да почнат веќе во јануари, а се очекува вредноста на трансферот на Рамос да достигне над 70 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот