ФЗОМ објаснува зошто доктор Игор Кузмановски има факсимил, а нема лиценца
Фондот за здравствено осигурување во соопштение објаснува дека факсимилот на доктор Игор Кузмановски што му го доделиле е активен во рамки на договор за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен помеѓу ФЗОРСМ и ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје.
Препорачано
Факсимилот со број 712680, согласно евиденцијата на Фондот, е активен од 1 април 2010 година, со еден прекин во април 2018 година поради користење неплатено отсуство. Одобрението за издавање на овој факсимил е дадено врз основа на официјално доставен список на лекари вработени во здравствената установа, потврден и заверен од страна на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје. Истиот е доставен согласно активниот договор од 2020 година со важност до 2028 година. Воедно, согласно член 3 од договорот склучен помеѓу ФЗОРСМ и ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија „обврска на здравствената установа е да обезбеди стручен кадар кој ги исполнува условите утврдени со актите на Министерството за здравство, меѓу кои и условот лекарите да поседуваат важечка лиценца за работа“, се наведува во соопштението.
ВИДЕО: Се појави снимка од директорот на Неврологија со кокаин, Алиу експресно го разреши
Според актуелната постапка за издавање одобрение за факсимил, која се применува при склучување договори со јавни и приватни здравствени установи, неопходно е да се доставуви барање од самата установа, придружено со важечка лиценца за работа издадена од соодветната комора и заверена на нотар, велат од ФЗОМ. Со оваа процедура, Фондот го утврдува правото на издавање факсимил во согласност со законските прописи и достапната документација.
Фондот на 15.11.2024 година се обрати до Комората за електронско поврзување за преземање на сите активни лиценци, со цел превенција од незаконско работење и фалсификување на лиценци. До ден денешен, Лекарската комора не одговори на барањето. ФЗОРСМ останува доследен во примената на законските прописи, во секое време подготвен за соработка и транспарентна комуникација со медиумите и јавноста, велат од ФЗОМ во соопштението.
Доктор Кузмановски нема лиценца, ама има факсимил од Фондот за здравство до 2028 година!


