Футуристичките идеи на Никола Тесла кои денес се реалност

Фото: Профимедиа

Инженерот, пронаоѓач и футурист Никола Тесла е еден од најпочитуваните луѓе во инженерството и науката. Неговиот генијален ум стои зад десетици изуми во производството, пренесувањето и примената на електричната енергија.

Тесла е најпознат по пронаоѓањето на моторот и преносниот систем на наизменична струја, кои се основа за системите за електрична енергија во домовите и зградите денес. Тој бил пионер и во областа на радиокомуникацијата.

Profimedia
Фото: Profimedia

Никола бил футурист. Многу од неговите предвидувања за технологијата во иднината помалку или повеќе го опишуваат денешниот свет, што е импресивно со оглед на тоа што Тесла бил роден во средината на 19 век. Тој сонувал за машини за земјотреси, камери што може да фотографираат мисли, безжична енергија, машини што може да создадат вештачки бранови и суперсонични воздушни бродови со електричен погон. Овие идеи не се реализирале, но многу од нив нудат поглед на иднината.

Го предвидел појавувањето на интернетот и паметните телефони

Тесла точно го предвидел појавувањето на интернетот, паметните телефони и безжичната комуникација. Тој играл улога во развојот на радиото, телевизијата, флуоресцентното осветлување, неонското осветлување, уреди контролирани со радио, роботика, х-зраци, радарот, микробрановите и десетици други изуми. Во напис од 1904 г. Тесла го опишал модерниот смартфон.

– Евтин и едноставен уред што може да се носи во нечиј џеб може да се постави некаде на море или копно и ќе ги запишува сите светски вести или такви специјални пораки што може да бидат наменети за него. На овој начин, целата Земја ќе биде претворена во голем мозок, како да е способна за реакција на секој нејзин дел – напишал тој.

Верувал во иднината на роботиката и вештачката интелигенција

Тесла верувал дека еден ден машините ќе имаат „сопствени умови“, односно го предвидел растот на роботите и вештачката интелигенција. Тесла направил брод кој го контролирал со радиобранови во време кога повеќето луѓе не разбирале дека радиобрановите постојат.

 

Фото: Профимедиа

Тој пишувал и за летечки машини кои нема да имаат крилја, пропелери и воздушни перничиња, туку ќе се потпираат на позитивните движења со електростатски и магнетни полиња. Тој верувал дека со овие уреди ќе се патува од Европа до САД за неколку часа и верувал дека авионите може да се напојуваат со безжична енергија. Тој верувал и дека нема да има граници во светот благодарение на овие авиони, иако денес авионите сè уште користат гориво и не донеле мир во светот.

Направил план за мотор на вселенски брод

Неговиот последен патент во 1928 г. бил за електропогонска машина за летање што личела на хеликоптер и авион. Се верува дека пред да почине, направил планови за мотор на вселенски брод.

Тесла верувал дека светот е на работ на големо откритие за искористување на природната енергија. Тој сметал дека енергетските компании имале монопол и дека на наплаќањето на енергијата ќе му дојде крај. Тој сфатил дека енергијата е насекаде околу нас и дека треба само да ја искористиме.

Денес гледаме почетоци на ова што го предвидувал Тесла во децентрализирањето на енергетските структури. Се надеваме дека повеќе футуристички идеи на Тесла ќе станат реалност во блиска иднина.

Животна приказна на Алберт Ајнштајн: Имал проблеми со дислексија, семејството го сметало за бавен, а учителот тврдел дека од него ништо нема да биде!

Никола Тесла верувал дека овој појадок му дава сила: На 78 години се чувствувал како момче

ВИДЕО | Го оживеа ликот на Никола Тесла: Уште една неверојатна трансформација на Стефан Суботиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот