Таблети бенседин / Фото: Нова.рс

Функционер на СНС е уапсен во Србија со половина милион таблети за смирување

Вишиот суд во српскиот град Сремска Митровица му одреди притвор на 55-годишниот Предраг Милошевиќ, кој бил уапсен откако полицијата пронашла 500.000 таблети „бенседин“ (диазепам) во неговата куќа, а бил пронајден и пиштол, објави Нова.рс.

Предраг Милошевиќ е уапсен на 29 април во селото Нови Бановци, откако полицијата при претрес на неговата куќа пронашла околу половина милион таблети од седативот под трговското име бенседин, како и пиштол за кој полицијата се сомнева дека тој немал дозвола, со придружната муниција.

Функционерот на партијата на Александар Вучиќ е во 30-дневен притвор. Тој е обвинет за неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.

Нема информации за тоа како Милошевиќ набавил огромна количина од лекот, за кој е потребен рецепт. Тоа се повеќе од 16.000 кутии, а ова не е првпат шверцувани таблети од популарниот лек да се појават на српскиот пазар.

Спречен шверц на лекови и игли за мерење шеќер во крвта од македонската Царина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот