Фудбалерот кој направи 51 трансфер стави крај на кариерата
По речиси три децении активна кариера, фудбалскиот пат на Џеферсон Луис заврши на 46-годишна возраст. Можеби неговото име не ви е познато, но неговата приказна е вистински феномен во светскиот спорт, бидејќи променил дури 51 клуб во текот на кариерата!
Препорачано
Луис, напаѓач од Доминика, дебитирал во далечната 1996 година за тимот на Рисбороу Рејнџерс, кога имаше само 17 години. Од тој момент, започна неверојатна фудбалска одисеја низ пониските лиги на англискиот фудбал, во која често ги менуваше клубовите како никој друг.
Интересно е тоа што и покрај големиот број трансфери, никогаш не го напуштил островскиот фудбал. Играл и за велшките клубови Рексам и Њупорт, но тие се натпреваруваат во англискиот фудбалски систем, па технички останал дел од истиот фудбалски систем.
Во текот на долгата кариера, беше дел од Оксфорд јунајтед, Бристол роверс, Кроули, Линколн, Њупорт и многу други, но ретко каде останувал доволно долго за да остави длабока трага.
🚨🇩🇲Jefferson Louis retires at 46 after a legendary 29-year career!
⚽️ 42 clubs
🔁 51 transfers
🎯 903 appearances
🇩🇲 1 cap for DominicaFrom Oxford United to Thame United, he epitomized the journeyman spirit. Now stepping into coaching at Slough Town. pic.twitter.com/38NljKxjf7
— UEFA Obscura (@UEFAObscura) June 4, 2025


