Фудбалери на кои им порасна вредноста на Евро 2020: Лукаку веќе е во клубот 100, Шик е хит

epa09291999 Romelu Lukaku of Belgium celebrates a goal that was later disallowed due to offside during the UEFA EURO 2020 group B preliminary round soccer match between Finland and Belgium in St.Petersburg, Russia, 21 June 2021. EPA-EFE/Anatoly Maltsev / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Европското првенство кое полека се ближи кон крајот, останаа најдобрите осум репрезентации, даде нови херои но и го потврди квалитетот на големите ѕвезди, а многумина од нив по завршување на Евро 2020 тие добро ќе ги наплатат добрите игри.

Ромелу Лукаку (Белгија) – 100 милиони евра
Неговата вредност за време на Евро 2020 се зголеми за 10 милиони евра, од 90 милиони таа сега изгледа 100 милиони евра.
Напаѓачот на Интер блескаше во дресот на белгиската репрезентација постигнувајќи три гола и е еден од најзаслужните за пласманот во четвртфиналето.
– Кога се зборува за Кејн, Левандовски, Бензема се зборува дека се најдобрите напаѓачи, додека за мене се зборува дека сум во одлична форма. Јас мислам дека припаѓам во таа група на најдобрите на светот – рече Лукаку.

Френки де Јонг (Холандија) – 90 милиони евра

EPA-EFE/Tibor Illyes

Вредноста на Де Јонг се зголеми за 10 милиони, од 80 милиони тој сега вреди 90 милиони евра.
Репрезентацијата на Холандија доживеа шокантна елиминација од Чешка во осминафиналето, но тоа не влијаеше на вредноста на Де Јонг, напротив таа се зголеми за 10 милиони евра.
Сепак, заинтересираните екипи ќе останат со празни раце бидејќи Де Јонг се очекува да биде еден од лидерите на Барселона во наредните години.

Фил Фоден (Англија) – 80 милиони евра

EPA-EFE/Laurence Griffiths

Неговата вредност исто така е зголемена за 10 милиони, од 70 милиони фудбалерот на Манчестер сити сега се проценува на 80 милиони евра.
Фоден е еден од најдобрите играчи на Англија на Евро 2020, тој е главниот организатор на играта својата репрезентација која досега не прими ниту еден гол. Нема сомнение дека одличните игри на Евро 2020 ќе му донесат поголема минутажа и во Манчестер сити.

Рубен Дијаш (Португалија) – 75 милиони евра

EPA-EFE/Tibor Illyes

Неговата вредност се зголеми за пет милиони, од 70 на 75 милиони евра.
Местото во одбраното друштво го обезбеди и одличниот дефанзивец на Манчестер сити и на португалската репрезентација, Рубен Дијаш. Дијаш со Сити ја освои титулата во Премиер лигата, а тој беше прогласен за играч на сезоната и со добрите игри продолжи на Евро 2020. Сепак, тој и неговите сонародници не можеа да ја поминат пречката наречена Белгија.

Патрик Шик (Чешка) – 23 милиони евра

EPA-EFE/Paul Ellis

По завршување на Евро 2020 сигурно е дека вредноста на Патрик Шик ќе биде многу поголема од сегашната, 23 милиони евра бидејќи со своите игри ги воодушеви сите. Речиси сигурно е дека неговиот гол од средина на теренот ќе биде прогласен за гол на ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот