Фронтменот на Металика се разведува по 25 години брак

Џејмс Алан Хетфилд
Џејмс Алан Хетфилд / Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Фронтменот на „Металика“ Џејмс Алан Хетфилд се разведува по 25 години брак. Тој претходно оваа година поднел барање за развод од сопругата Франческа Хетфилд, пренесуваат американските медиуми.

Џејмс и Франческа се венчаа на 17 август 1997 година, а музичарот често истакнуваше дека неговата сопруга била негова најголема поддршка во тешките моменти, вклучувајќи ги и битките со зависноста. Заедно имаат три деца.

Во подкаст во 2016 година, тој рече дека неговата сопруга во еден момент го избркала од куќата поради неговата зависност.

„Мојата сопруга ја направи вистинската работа, ме избрка од дома и тоа ме исплаши до смрт. Таа рече „еј, нема да одиш сега само кај терапевт да зборуваш за ова, туку мораш да одиш некаде и да го решиш ова срање“, така и направив“, рече тој.

Музичарот сè уште не ги коментирал написите за развод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот