Французите отсвиреа крај на сезоната

Фудбалската Лига 1 нема да се одигра до крајот по денешната одлука на француската влада.

Владата на Франција денеска донесе одлука да се забранат спортски активности се до месец август, по што Француската фудбалска федерација објави дека лигата дефинитивно се откажува.

Оваа вест ексклузивно ја пренесе новинарот на „Лекип“, Бертнар Латур. Според информациите на новинарот, новата сезона ќе започне во август.

Ваквата одлука е директен удар на УЕФА која инсистираше на првенствата да завршат до крајот на јули, за да може во август да се игра завршницата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Убедлив лидер на табелата е ПСЖ, но засега нема никакви најави дали ќе има испаѓање од Лига 1 и кои екипи ќе играат во европските купови и поради тоа во наредните денови ќе има состаноци на челниците на лигата и клубовите за да се изнајде решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот