Франција со реципрочен одговор за Кина, го ограничи бројот на летови на кинески авио – компании

Франција врши интензивен дипломатски притисок за да добијат одобрување од Пекинг за дополнителни летови. Се упатува и совет патниците да бидат подготвени на прекин на воздушните врски меѓу двете земји.

Франција започна со ограничување на летовите на кинеските авиокомпании на еден лет неделно, наведувајќи дека со ова сака да одговори на забраните кои Пекинг ги воведе за француски компании.

– Од 13. јули кинеските компании ќе може да остваруваат по еден лен неделно. Разговорите се во тек меѓу двете администрации со цел да дојдат задоволувачко решение, соопштуваат од француската амбасада во Пекинг.

Во соопштението се наведува дека три кинески авио – компании „Ер – Чајна“, „Чајна истерн ерлајнс“ и „Чајна саудерн ерлајнс“ имаа одобрување на по еден неделен лет од кинеските градови кон Париз.

Во соопштението се додава дека заедно со реципрочните мерки „Ер Франс“ има одобрение од Пекинг да врши три лета неделно кон Кина, но дека во пракса кинеските власти одобриле само еден лет.

Според информациите во соопштението Франција врши интензивен дипломатски притисок за да добијат одобрување од Пекинг за дополнителни летови. Се упатува и совет патниците да бидат подготвени на прекин на воздушните врски меѓу двете земји.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот