Илустрација / Фото: Pexels / Karolina Kaboompics

Французинка земала плата 20 години, а ништо не работела: Сега ја тужи компанијата за една работа

Французинката Лоренс Ван Васенхов го тужи телекомуникацискиот гигант „Оранж“ за „морално малтретирање и дискриминација“, тврдејќи дека добивала плата 20 години, но не и задачите на работното место. Таа се вработила во 1993 година, додека компанијата работела под друго име, пренесува „Одити централ“.

Оригиналниот работодавец бил свесен дека Лоренс боледува од хемиплегија и епилепсија, па ѝ била понудена позиција прилагодена на нејзината здравствена состојба. Работела како секретарка до 2002 година, кога побарала трансфер во друг регион на Франција. Барањето било одобрено, но новото работно место, како што тврди, не било приспособено на нејзините потреби. Без разлика, компанијата на вработената ѝ ја исплаќале целосната плата за следните 20 години.

Лоренс се обратила до државата и организацијата за борба против дискриминација, а во 2015 година компанијата „Оранж“ назначиле посредник со задача да ја разреши ситуацијата.

„Да се ​​биде платен, дома и да не се работи не е привилегија. Ова е многу тешко да се поднесе“, рекла таа.

Работите, наводно, не се смениле, бидејќи платата продолжила да пристигнува, но не и работните обврски. Адвокатите на тужителката тврдат дека телекомуникацискиот гигант на овој начин „се обидел да ја принуди да си замине“.

„Таа поднесе тужба против компанијата и четворица управители за морално малтретирање и дискриминација на работното место поврзано со нејзината здравствена состојба“, рекол адвокатот.

Тој тврди дека жената страда од депресија поради тешки и изолирачки околности.

„Работа за лице со попреченост значи дека има место во општеството. Препознавање. Социјалните врски што се создаваат“, додал тој.

Францускиот весник „Ла Депеш“ го контактирал „Оранж“, тие во одговорот велат дека „ сè е направено Лоренс да работи во најдобри можни услови“.

Компанијата тврди дека ја земала предвид „социјалната состојба“ на жената и дека континуирано ѝ исплаќала плата. Се планирало и „враќање на работа на адаптирано работно место“, но тоа не се реализирало бидејќи таа редовно била на боледување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот