ПСЖ/PSG

Француската лига му ја исполни желбата на ПСЖ – одложено дербито за титулата

Раководството на Професионалната фудбалска лига на Франција донесе одлука за промена на календарот, па натпреварите меѓу Ленс и ПСЖ, како и дуелот Брест – Стразбур, ќе се одиграат на 13 мај.

Од Лигата објаснија дека ваквиот потег е направен со цел да се заштитат интересите на францускиот фудбал, при што е прифатено барањето на ПСЖ и Стразбур, без формална согласност од нивните противници.

Парижаните инсистираа на одложување на средбата со Ленс, бидејќи првично беше закажана за 11 април, односно во период меѓу двата четвртфинални натпревари против Ливерпул во Лигата на шампиони.

Иако Ленс претходно се спротивстави на ова барање, со оглед дека и самиот е сериозен кандидат за врвот во Лига 1, конечниот збор го имаше раководството на натпреварувањето.

Во моментов, ПСЖ се наоѓа на лидерската позиција со 60 бодови, додека Ленс веднаш зад него заостанува со само еден бод, што дополнително ја зголемува тензијата во шампионската трка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот