Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

Франција без напаѓачот Уго Екитике на Светското првенство

Фудбалскиот клуб Ливерпул потврди дека нивниот играч Уго Екитике претрпел сериозна повреда на Ахиловата тетива и ќе го пропушти остатокот од сезоната и Светското првенство 2026.

Соопштението на „црвените“ доаѓа еден ден откако селекторот на Франција, Дидие Дешан, изјави дека Екитике нема да игра за репрезентацијата поради сериозна повреда.

Екитике ја скина Ахиловата тетива во вторник во првата половина од реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Париз Сен Жермен. Се стравува дека 23-годишниот напаѓач би можел да отсуствува најмалку шест месеци, а најлошото сценарио е девет месеци.

– Екитике ќе отсуствува до крајот на клупската сезона и нема да може да игра за Франција на Светското првенство ова лето – се вели во соопштението на Ливерпул.

Екитике постигна 19 гола за Ливерпул и Франција оваа сезона, а на „Енфилд“ пристигна од Ајнтрахт Франкфурт за 79 милиони фунти минатото лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот