ФОТО+ВИДЕО | Заврши првото полуфинале на српската Евровизија: Тијана Дапчевиќ не се пласираше во финалето

Фото: Инстаграм/Евровизија Србија

Синоќа се одржа првата полуфинална вечер на српскиот избор на „Песна за Евровизија 2023“, попозната како „Беовизија“. Шеснаесет учесници се бореа за свое место во финалето, но само осум од нив резервираат настап за финалната вечер која ќе се оддржи на 4-ти март.

Првите финалисти: Стефан Шај со песната „Од јастука до јастука“, Принц „Цвет са истока“, Чеги и Браќа блуз бенд „Свадба или кавга“, Борис Суботиќ „Недоступан“, Лук Блек „Само ми се спава“, Филип Балош „Нови план, други сан“, Наѓа Ордагиќ „Мој први ожиљак на души“ и „Emphaty Soul Project“ со песната „Индиго“.

Водители на сите три вечери на српскиот избор на „Песна за Евровизија 2023“ – годинава ќе бидат актерот Милан Мариќ и водителката Драгана Косјерина, како и водителите Кристина Раденковиќ и Стефан Поповиќ.

Драгана од самиот почеток ги воодушеви сите со својот елегантен стајлинг, а Милан се истакна во улогата на водител. Кристина Раденковиќ и покрај повредата што ја заработи неодамна за време на зимскиот одмор при скијање, кога ги скрши двете раце, се истакна и со насмевка ја водеше програмата од „Зелената соба“.

Пред почетокот на настапите на натпреварувачите, на сцената излезе нашата минатогодишна претставничка Ана Ѓуриќ-Констракта која по громогласен аплауз изведе една од нејзините песни.

Дуото „Mattia Zanatta“ го отвори фестивалот, а оперските дела оставија силен впечаток кај присутните.

Фото: Инстаграм/Евровизија Србија

Најмладата натпреварувачка годинава беше Наѓа Ордагиќ, која настапи со песната „Мој први ожиљак на души“. Песната за неа ја напиша Кристина Коваќ, а многумина веќе ја нарекуваат Надја – „српската Тејлор Свифт“. Младата пејачка изјави дека Тејлор е нејзиниот музички идол.

Фото: Инстаграм/Евровизија Србија

Со баладата „Насмевка“ беше забележан и Адем Мехмедовиќ, а по него настапи и Тијана Дапчевиќ. Таа ја изведе песната „Мамим“, а на сцената се појави во розов фустан. Музиката и текстот на песната на Тијана се дело на Ана Радонјиќ, попозната како Зое Кида и долгогодишна соработничка на Ана Ѓуриќ-Констракта, а аранжманот го направи Андрија Гавриловиќ. Тијана не успеа да се пласира во финалната вечер на српскиот избор на „Песна за Евровизија 2023“.

Фото: Инстаграм/Евровизија Србија

Еден од фаворитите од самиот почеток беше Стефан Здравковиќ, познат како „Принцот од Врање“, кој ја воодушеви публиката со сценскиот настап.

Фото: Инстаграм/Евровизија Србија

Ексцентричниот уметник Лук Блек ја изведе песната „Само ми се спава“. Неговиот необичен настап предизвика позитивни реакции кај публиката, а притоа заработи и пласман во големото финале.

Фото: Инстаграм/Евровизија Србија

Анџелина, една од најпопуларните пејачки од помладата генерација, ја изведе песната „Синџир“.

Фото: Инстаграм/Евровизија Србија

На крајот на првата полуфинална вечер, Констракта повторно излезе на сцената и го отпеа нивниот голем хит, песната „In corpore sano“ со која минатата година ја претставуваа Србија на Евровизија.

ВИДЕО | „Мамим“: Тијана Дапчевиќ повторно ќе си ја проба среќата на српската Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот