ФОТО+ВИДЕО | Уникатна улична уметност: Погледнете ја естетиката на јапонските шахти

Фото: Твитер

Посетителите на Јапонија не можат, а да не бидат воодушевени од убавината на нејзините храмови, живописните погледи, зен-градините и, верувале или не, капаците на шахтите.

Она што започнало како шема за вклучување на даночните обврзници во скапи проекти за руралната канализација во 1980-тите, прераснало во национална туристичка атракција и прашање на граѓанска гордост, пишува „Опен калчр“ („Open culture“).

Секоја општина може да се пофали со својот уникатен дизајн на капаците на шахтите, инспириран од специфичните и препознатливи регионални елементи.

Фото: Twitter/ fuckitimarobot

Заедницата може да избере да ја претстави својата локална флора или фауна, познат локален белег или фестивал, историски настан или парче фолклор.

Градот Мацумото истакнува еден од неговите популарни сувенири на народни занаети, шарените свилени топки кои некогаш се користеле како играчки за женски деца и како свадбени подароци. Градот Нагоја ја фали чистотата на својата вода со инсект, кој е познат дека бара најневообичаени услови за да преживее. Додека пак, Хирошима му оддава почит на својот бејзбол тим.

Фото: Twitter/ fuckitimarobo

На шахтите во Осака може да се забележи погледот на познатиот дворец, опкружен со цветови од цреша. Поради забавниот парк „Санрио Пуроланд“  во Тама шахтите се со ликот на „Хелоу Кити“, а илустрациите на тема Покемон се појавиле на многу места, од Токио до Окинава.

Фото: Twitter/ Japan_Australia

Повеќе од 15 милиони уметнички капаци на шахти се направени од монохроматски челична структура, што ги прави уште позабележителни.

За континуираната популарност на оваа официјално одобрена улична уметност сведочат „Јапонското друштво на ентузијасти на шахти“, годишниот „Самит на шахти “и како и многубројни колекционерски картички.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот