Фото: Твитер/Корнелија Николсон

ФОТО+ВИДЕО | Телевизиско запросување: Водителка снимала прилог, па го добила најубавото изненадување

Американска водителка без да биде свесна ја најавила сопствената веридба додека снимала телевизиски прилог.

Водителката Корнелија Николсон мислела дека снима сегмент за викенд шоу на Локал 3 Њуз, кога сфатила дека, всушност, го најавува своето момче Рајли Нагел.

Фото: Твитер/Корнелија Николсон

Николсон била видно шокирана кога Нагел, исто така новинар во истата телевизија, се појавил во студиото, држејќи букет цвеќе и кутија за прстен.

„Мислам дека е соодветно да ти го поставам ова прашање тука, бидејќи тука и се запознавме“, рекол тој, па клекнал на едно колено и ја прашал: „Корнелија Николсон, ќе се омажиш ли за мене?“. Се разбира, таа одговорила со „да“.

Водителката го сподели романтичниот момент на социјалните медиуми и им се заблагодари на колегите кои помогнале во организирањето на изненадувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот