ФОТО+ВИДЕО | Спектакуларна глетка: Импресивно шоу со дронови на винскиот фестивал во Бордо

Фото: Profimedia

Познатиот Вински фестивал во Бордо, Франција и годинава беше збирно место на сите страсни љубители на овој алкохолен пијалак. Од 22 до 25 јуни, посетителите имаа можност да дегустираат голем број вина, но и да уживаат во квалитетна музичка програма.

Сепак, она што најмногу ги изненади присутните на фестивалот беше импресивната уметничка инсталација на небото, каде стотици дронови формираа спектакуларна глетка од шише вино и чаша над реката Гарона.

Фото: ROMAIN PERROCHEAU / AFP / Profimedia

Но, и корисниците на социјалните медиуми не останаа рамнодушни на видеата кои беа објавени таму и упатија бројни комплименти на сметка на организаторите на овој вински фестивал.

„Прекрасно. Одличен начин да се искористи технологијата за уметнички цели“, „Кому се потребни огномети, кога имате вакви дронови? Ова е воодушевувачки спој на уметност и технологија, кој нè потсети дека и најблагородните традиции можат да ги прифатат чудата на дигиталната ера“, гласат коментарите на Интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот