ФОТО+ВИДЕО | Силна прегратка и бакнежи: Новак Ѓоковиќ со солзи во очите ја слави победата со својата ќерка
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри во Париз, а во финалето го победи млaдиот Шпанец, Карлос Алкараз. Тој веднаш по победата истрча на трибините да прослави кај своето семејство каде силно ја прегрна својата ќерка Тара.
Прегратката на таткото и ќерката која денеска навиваше за Новак со порака: „Тато е најдобар“ ги трогна сите!
По натпреварот тенисерот го зеде знамето на Србија и се расплака. Ѓоковиќ беше многу емотивен кога го освои медалот, а по прославата рече: „Веднаш отидов да ги гушнам сите, пресреќен сум што ѝ донесов злато на Србија, ова е можеби мојот најголем спортски успех во животот“.
This is what it means to him ❤️#NovakDjoković #OlympicGames pic.twitter.com/6ISifJzcjg
— ` (@FourOverthrows) August 4, 2024
Инаку, ова е прв златен медал од Олимписките игри во кариерата на 37-годишниот српски тенисер.
ФОТО: Новак Ѓоковиќ на победничкиот подиум и олимпиското злато
ФОТО | Метју Меконахи сподели шокантна фотографија: Што ти е со окото?