ФОТО | Метју Меконахи сподели шокантна фотографија: Што ти е со окото?
Актерот Метју Меконахи на својот Инстаграм сподели фотографија со многу отечено око и сосема очекувано ги загрижи обожавателите. Имено, актерот го каснала пчела, што предизвикало силна реакција на окото кое било отечено и речиси целосно затворено.
Препорачано
Оваа несреќа многумина ја поврзаа со новиот филм што го снима Метју. Станува збор за криминалистичкиот трилер „Ривалите на Амзија Кинг“ (The Rivals of Amziah King). Иако многу малку се знае за филмот, снимката од сетот го покажува Меконахи со неколку кутии мед. Затоа се шпекулира дека убодот од пчела се случил за време на снимањето на филмот, пренесува „Мирор“ (The Mirror).

Фотографијата на Инстаграм има речиси 400 илјади лајкови, а многу фанови во коментарите ја изразија својата загриженост.
„Ај, престани“, „Што е ова, дали си добро?“, „Те молам внимавај“, „Ау, што ти е со окото?“, се дел од коментарите. Многумина се пошегуваа на него во коментарите. „Треба да видите како изгледа другиот лик“, „Кога животот ќе ти даде пчела, правиш мед“, напишале неговите следбеници.
Во коментарите се огласија и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, манекенката Синди Крафорд и бројни други ѕвезди.


