ФОТО+ВИДЕО | Шпански бискуп поднесе оставка, се вљубил во авторка на еротско-сатанистички романи

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Шпанскиот бискуп, егзорцист Ксавиер Новел, објави дека се повлекува од функцијата бискуп Солсоне во Каталонија, бидејќи сака да започне нов живот од строго лични причини.

Бискупот се вљубил во Силвија Кабаљол, која е 14 години помлада од него. Таа е авторка на еротски романи, разведена е и мајка на две деца. Епископот наведува дека ја запознал Силвија, која е психолог, а проучува религии, јога, демографија и сексологија. Велат дека тој всушност е опседнат со неа.

Издавачот на нејзините книги ја опишал како „динамична авторка која ги поместува границите и ги извртува моралните и етичките размислувања“.

Нејзината последна книга, „Пекол во страста на Габриел“, е приказна за затворот, сектите, садизмот, страста, бесмртноста и грубата борба помеѓу доброто и злото, помеѓу Бог и Сатаната и помеѓу ангелите и демоните.

Пред владиката Новел била блескава иднина, го гледале како sвезда во подем во шпанската католичка црква, бидејќи бил прогласен за најмлад бискуп во Шпанија во 2010 година, кога имал само 41 година.

Меѓутоа, неговиот подем стагнирал со изборот на папата Франциско во 2013 година, објави „Тајм“.

Владиката Новел го опишал абортусот и еутаназијата како „геноцид“, а тоа не било во склад со расположението на црквата и на папата Франциско.

Инаку, Новел е единствениот бискуп кој отворено гласаше на контроверзниот каталонски референдум за независност во 2017 година, кој според шпанскиот закон се смета за незаконски.

Папата ја прифатил неговата оставка, а црквата не дала коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот