ФОТО+ВИДЕО | „Се смиривме“: Бака Прасе и Ања Бла ја обновија врската, јутјуберот ѝ подари прстен од 6.900 евра
Јутјуберот Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, ја обнови љубовната врска со инфуенсерката Ања Благојевиќ, позната како Ања Бла на социјалните мрежи.
Препорачано
Во најновото видео на неговиот канал на Јутјуб, кое е именувано „Се смиривме“, Богдан покажа како дошло до тоа да се смират со Ања, девојката со која раскина пред една година.
Имено, јутјуберот ѝ купи прстен од 6.900 евра и ѝ приреди романтична вечера, на која ѝ понуди повторно да станат љубовен пар.
„Ова е прстен кој е знак на мојата посветеност и сакам да ти кажам дека те сакам и се надевам дека ќе бидам најдобриот дечко и дека еден ден ќе имаме пет деца. Се надевам дека ќе се смириме и повторно ќе бидеме заедно“, рече Богдан, откако ѝ го даде прстенот на Ања.
Дека тие двајца повторно се заедно, потврди и самата инфлуенсерка, која објави неколку нивни заеднички фотографии од Амстердам.
View this post on Instagram



Како потсетување, Богдан и Ања беа на заедничко патување токму во Амстердам непосредно пред да раскинат пред една година.
View this post on Instagram
ФОТО | Поранешната девојка на Бака Прасе со провокативни фотографии „плаче“ за завршената врска


