ФОТО+ВИДЕО | Раперот Фифти сент фрли микрофон во публиката: Обожавателка заврши со повреда на главата

Фото; Принтскрин

Во последно време публиката фрлаше разни предмети кон изведувачите, некои со мобилни, со пијалоци, некои со пиротехнички средства. Овој пат, познатиот рапер Фифти сент (50 Cent) ја смени улогата, па во бес, го фрли микрофонот од сцената и удри обожавателка во главата, пишува „Ти-ем-зи“.

Раперот настапувал во Лос Анџелес, а за време на настапот постојано му давале микрофони кои не функционирале. Според видеото кое стана вирално, може да се забележи дека раперот решил да се ослободи од микрофонот, па агресивно го фрлил кон публиката, при што повредил една девојка.

Фото: Принтскрин/ Ти-ем-зи

Според изворот на „Ти-ем-зи“, Фифти сент, не ја погодил девојката намерно, но таа не требала да биде во тој „забранет“ простор, толку блиску до сцената.

На социјалните мрежи брзо се проширија и фотографии од повредената девојка, со расекотина на челото и крвава крпа околу вратот. Истата вечер, девојката поднела пријава во полиција, меѓутоа констатирано било дека раперот го фрлил микрофонот кон неговиот тим во близина на сцената и случајно ја удрил жртвата.

Фото: Принтскрин/ Ти-ем-зи

Таа во полиција изјавила дека раперот ја погледнал директно пред да го фрли микрофонот, па сигурно знаел дека е таму. За среќа, раната ѝ е санирана во болница.

Инаку, Кертис Џејмс Џексон, попознат како Фифит сент (50 cent), моментално е на светската турнеја „Д фајнл лап тур„ („The Final Lap Tour“), на која слави 20 години од објавувањето на деби албумот „Get Rich or Die Tryin“, а на 17 октомври доаѓа во Загреб.

Во продолжение погледнете го видеото:

@polyboy.steezy 50 cent bust female with Mic at his concert #bryhana #power106 #fyp #foryou #50cent #foryou #fyp ♬ original sound – Polyboy.Steezy

ВИДЕО | Скандал на настап на познатата пејачка: Со микрофон удри девојка од публиката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот