27 јули 2021 / Токио, Јапонија / Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO
ФОТО+ВИДЕО: Радувај се Македонијо, Георгиевски обезбеди олимписки медал
Ф.К.
Пред
Во полуфиналето на таеквондо турнирот на Олимписките игри во Токио македонскиот натпреварувач Дејан Георгиевски го совлада Ин Кјо Дон од Кореја со 12:6 и се пласираше во големото финале.
27 јули 2021 / Токио, Јапонија / Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO
Доста претпазливи и двајцата, противникиот успеа да ја добие првата рунда со еден удар.
Во втората рунда Македонецот стекна предност од 5:1, со еден казнен поен за ривалот, а потоа Кореецот намали на 5:3.
27 јули 2021 / Токио, Јапонија / Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO
Во завршната трета рунда уште подобро издание на Георгиевски за зголемување на позитивата за конечни 12:6 и голем историски успех и обезбедување на олимписки медал, втор во историјата на нашата земја, после Могамед Ибрагимов (борење) на Игрите во Сиднеј 2000.
Погледнете:
Во првото осминафинално коло на таеквондо турнирот нашиот олимпиец го елиминираше светскиот шампион од Куба Рафаел Алба со 11:8.
27 јули 2021 / Токио, Јапонија / Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO
А во четвртфиналето триумфираше над претставникот од Брегот на Слоновата коска, Сејду Гбане со резултат 9:4.
Противник за златото на Георгиевски ќе биде Владислав Ларин од Рускиот олимписки комитет кој во второто полуфинале со дури 30:3 го совлада Кинезот Хонѓи Сун.
27 јули 2021 / Токио, Јапонија / Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со проба – се најдовме со еден од новите скопски бендови, „Персеида“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Депресијата не е само зимски проблем — како жештините и тропските ноќи можат сериозно да го нарушат менталното здравје 2 Тест на …
По скандалот во Гостивар, откако јавноста дозна дека граѓаните 20 дена пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, ги прашавме случајните минувачи од каде пијат вода. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Депресијата не е само зимски проблем — како жештините и тропските ноќи можат сериозно да …