Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | „Првото снекче оваа година“: Марко Новески уживаше со близнаците во зимската идила на Водно

Нашиот водител Марко Новески, познат како Марко „Дај побрзај“ сподели симпатична објава со близнаците Вања и Веда на социјалните мрежи и ги разнежни своите следбеници.

Марко и неговата сопруга ги однесоа дечињата на Водно, каде за првпат го искусија снегот. На фотографијата братчето и сестричката се облечени во зимска, топла облека и смело чекорат по снежната патека.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

– Веда и Вања и првото снекче оваа година – напиша Марко покрај фотографијата.

Снежната идила и нежните моменти меѓу малите Вања и Веда предизвикаа бројни позитивни реакции кај нивните следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот