ФОТО+ВИДЕО | Пловечки ресторан во Норвешка стана вирален хит: Можете да јадете и под вода

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Salmon Eye

Во западниот дел на Норвешка, на прекрасниот фјорд Хардангер, новоотворениот ресторан Ирис стана хит на интернет.

Благодарение на неговата необична локација на пловечка уметничка инсталација и уникатниот концепт за јадење, ресторанот брзо стана вирален на ТикТок. Само 24 луѓе можат да учествуваат во шестчасовната вечера секоја вечер, а ресторанот е веќе целосно резервиран до октомври, пренесува „Индекс.хр“.

Според информациите на веб-страницата на ресторанот, сè започнува со возење со брод од блискиот град Розендал и добредојде од готвачката Аника Мадсен на островот Снилствеитој.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Salmon Eye

После тоа, гостите пристигнуваат на пловечката уметничка инсталација наречена „Лососово око“ (Salmon Eye), каде што вечерта започнува со мултисензорно подводно искуство. Гостите потоа продолжуваат во трпезаријата каде што се служи мени за дегустација со импресивен поглед на фјордот и блискиот планински венец.

За оваа уникатна вечера, гостите ќе треба да издвојат 3.200 норвешки круни, што е приближно 399 евра, со можност да доплатат дополнителни 267 евра за вино или околу 160 евра за безалкохолни пијалоци.

@marieriksmoen Most spectacular restaurant in Norway! #restaurant #spectacular #michelin #michelinstar #iristherestaurant #hardangerfjord #norway ♬ Theme from “A Summer Place” – Percy Faith And His Orchestra

Поради сезонската и локалната природа на јадењата, веганите, вегетаријанците и оние со одредени ограничувања во исхранат нема да бидат услужени.

„Лососовото око“ (Salmon Eye) е најголемата пловечка уметничка инсталација во светот. Оваа челична инсталација, која е висока над 14 метри и се протега на четири нивоа (над и под водата), е дело на архитектонското студио “Кворнинг дизајн“ (Kvorning Design).

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Salmon Eye
Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Salmon Eye

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот