ФОТО+ВИДЕО | Ова се најновите Гинисови рекорди: Тинејџер со најголеми стапала, куче со најдолги уши…

Фото: Инстаграм

Жена која може да ја прескокне својата коса, најбрзото куче и мачка на скутер се само некои во низата на исклучителни нови рекорди во Гинисовата книга на рекорди.

Новите рекорди за претстојната година беа објавени во петокот, а рекордерите и се пронајдени низ целиот свет.

Зајон Кларк (23) од Охајо стана нов рекордер откако, на две раце, ја премина патеката од 20 метри за 4,78 секунди. Роден со Кадл-регресивен синдром, што значи дека е роден без нозе. Тој се запознал со борењето во основно училиште. Кларк се надева дека ќе стане првиот Американец којшто ќе се натпреварува на двете Олимписки игри 2024 година, на Параолимпијадата, како тркач во инвалидска количка и на „обичните“ Олимписки игри, како борач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zion Clark (@big_z_2020)

Пратик Мохите од Индија е уште еден рекордер кој е олицетворение на упорноста, тој стана најнискиот маж бодибилдер, висок е само 102 сантиметри. Мохите започнал да тренира откако сфатил дека занимавајќи се спортот ќе биде силен и фит, сакајќи да учествува дури и кога другите го сметале за слаб.

Уште една меѓу рекордерите е и Летиша Кејвај (25), од Брегот на Слоновата коска, која го држи рекордот со најмногу скокови преку сопствената коса за 30 секунди. Таа успеала да ја прескокне својата природна коса 60 пати, која ја надградила за да направи јаже. Летиша е позната и по тоа што од својата коса прави скулптури, а инспирацијата ја црпи од африканската култура. Инаку, Летиша е и модел и актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KY (@laetitiaky)

Канадското дуо, кучето и мачката Лолипоп и Сашими, влегоа во рекордерската историја со тоа што станаа најбрзото дуо куче и мачка кои поминале пет метри на скутер за 4,37 секунди. Сопственичката Мелиса Миле рекла дека животните одделно уживале во соло возење скутер, но дека еден ден самите смислиле трик качувајќи се на едно возило.

Гимнастичарката Бетани Лоџ станала рекордерка во правење кругови напред на 100 метри, што ѝуспеало да го постигне за 42,64 секунди и рекордерка во кругови назад, кои го направила пет за 30 секунди.

Пејџ Олсен има куче Лу со најдолги уши, 34 см, додека Морган Парсли, како тинејџер, има најголеми стапала од 30,9 см.

Највисокиот натпреварувач меѓу мажите бодибилдери е Оливер Рихтер, кој е висок 218,3 см.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот