ФОТО+ВИДЕО | Oткриени 100 скелети во Даблин: Во масовна гробница стара 1.000 години

Фото: Instagram/ BBC

За време на ископувањата на локација во центарот на Даблин, каде треба да се изгради нов хотел, откриена е масовна гробница, која датира од пред повеќе од илјада години, пишува „Би-би-си“.

Околу 100 скелетни остатоци, од средниот век биле пронајдени во областа каде што некогаш се наоѓала опатијата „Света Марија“ на улицата Капел. Се верува дека некои од овие остатоци, датираат од почетокот на 11 век.

Фото: Instagram/ BBC

Прецизното датирање на еден од гробовите, откриени на локалитетот,  покажа дека е постар за 100 годиниа од изградбата на опатијата „Света Марија“. Ова откритие укажува на постоење на христијанска населба на локацијата пред основањето на опатијата во 12 век. Значењето на раните погребувања, укажува на интригантна и потенцијално монашка основа која и претходела на опатијата.

Фото: Instagram/ BBC

Едмонд О’Донован, директор на ископувањата, потврди дека опатијата „Света Марија“ била најголемата и најбогатата средновековна опатија во Ирска во своето време.

Инаку, скелетните остатоци ќе бидат внимателно ископани, исчистени и анализирани пред да бидат предадени на „Националната служба за споменици“, додека другите структури, откриени за време на ископувањето ќе бидат интегрирани во дизајнот на новиот хотелски комплекс.

Фото: Instagram/ BBC

Компанијата „Бенчор групс“, позната по својата работа на реставрација на историски градби како што е „Merchant Hotel“ во Белфаст, ја презеде реставрацијата и на оваа локација во Даблин, како најзначаен и најкомплексен проект досега. Компанијата ја изрази својата посветеност да ги ревитализира локациите од интерес за наследство за јавна употреба.

Соработувајќи со градскиот совет на Даблин, археолозите, архитектите и изведувачите, компанијата има за цел да ги зачува и вклучи раните преживеани згради во новиот развој, препознавајќи го историското значење на самата локација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот