Ким Кардашијан и Луис Хамилтон ја потврдија својата врска на Супербол/Фото: TV capture via The Grosby Group / Grosby Group / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Новиот жежок пар сам се разоткри: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон сочно се бакнаа на Супербоул

Старлетата Ким Кардашијан и асот на Формула 1 Луис Хамилтон ги разгореа гласините за романса откако се појавија заедно на Супербоул 2026 што се одржа синоќа.

Во неделата, 8 февруари, овој пар, за кој во последно време многу се пишуваше на социјалните мрежи, беше виден како пристигнува заедно на најголемиот настан во НФЛ, објавија странските медиуми.

Камерите ги фатија Луис и Ким како го гледаат 60-тиот Супербоул заедно од ВИП ложата.

Кардашијан (45) и Хамилтон (41) беа фотографирани на големото платно додека уживаа во долгоочекуваниот натпревар помеѓу Њу Ингланд Патриотс и „Сиетл Сихокс на стадионот „Левис“ во Санта Клара, Калифорнија. Ким  и Луис одлучија повеќе да не ја кријат својата романса, па се бакнаа во ВИП ложата.

 


Во сега веќе виралниот видеоклип, Ким и изгледале расположени и среќни, смешкајќи се еден на друг додека разговарале.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MarianaPosada (@marianaposadam_)

Иако седеле во друштво на пријатели, нивната меѓусебна интеракција стана главна тема на социјалните мрежи. Видеоснимките што кружат на интернет ги прикажуваат како се смеат и шепотат еден на друг во текот на натпреварот, непосредно пред настапот на порториканската суперѕвезда Бед Бани на полувремето. Но, ова појавување доаѓа како шлаг на тортата по една недела исполнета со шпекулации за нивната врска.

Ова е нивно прво јавно појавување откако се појави веста дека познатиот британски спортист е во романтична врска со познатата американска старлета.

Да потсетиме, британските таблоиди неодамна открија дека познатиот пар поминал романтичен викенд во луксузниот хотел „Естел Манор“ во Котсволдс. Тоа е едно од омилените места за одмор на богатите и славните во Англија.

Ким Кардашијан пристигнала во Англија со својот приватен авион вреден околу 100 милиони фунти. На аеродромот „Оксфорд“ ја чекале две возила – едното резервирано само за нејзиниот багаж, бидејќи Ким пристигнала со осум големи куфери.

Хамилтон пристигнал еден час подоцна со хеликоптер од Лондон.

Во текот на романтичниот викенд, Хамилтон и Ким имале ексклузивно користење на спа-центарот и базенот, вечерале во приватна соба, подалеку од погледите на другите гости и папараците, а сведок им рекол на медиумите дека сè изгледало исклучително романтично. Тие биле фокусирани еден на друг.

Цената на нивниот престој во познатиот хотел беше проценета на 120.000 фунти, што е речиси 140.000 евра, што јасно покажува дека ова не била обична посета.

Интересно е што иако двајцата се исклучително активни на мрежите, тие не објавија ништо за нивниот заеднички престој во луксузен хотел. Дури и кога заминувале, се обидуваке да избегнат заедничко излегување од објектот – Хамилтон го користел главниот влез, а Ким излегла од страна.

Потоа, двојката била видена во Париз, каде што уживале во „романтична средба“, според извори блиски до списанието „Пипл“. Ким и Луис наводно пристигнале во француската престолнина со приватен авион од Велика Британија, каде што претходно биле.

ВИДЕО | Ким Кардашијан бесна на јасновитците што ѝ кажале дека ќе го положи правосудниот испит: „Сите се патолошки лажговци“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот