ФОТО+ВИДЕО | Негативецот од „Хари Потер“ стана неочекувана маскота на Кинеската Нова година
Драко Малфој, еден од најпрепознатливите негативци на „Хари Потер“ франшизата, стана симбол за Кинеската Нова година низ целата држава, бидејќи обожавателите го прифатија неговиот лик како маскота за годината на коњот, објави „Гардијан“.
Препорачано
На мандарински, името на Малфој се преведува како „mǎ ěr fú“. Првиот дел од преводот значи „коњ“, додека последниот дел, „fú“, значи „среќа“ или „благослов“, моќен симбол на многу од прославите за Кинеската Нова година.
Преведено заедно, името на Малфој може да се прочита како „коњска среќа“, што го прави неочекувано поволна фигура за годината што претстои.
Играта со зборови предизвика бран „мемиња“, цртежи, декорации и тематски производи низ кинеските социјални мрежи.
Слики од младиот Малфој, кој е игран од англискиот актер Том Фелтон во „Хари Потер“ филмовите, како се смее на црвени постери и јава цртани коњи се појавија на фрижидери, во канцелариски простори, како и во трговски центри.
@wekaypoh Why is Draco Malfoy from Harry Potter the Lunar New Year mascot and symbol of good luck this year??? 🤯🐎🧧🧨 #sgnews #dracomalfoy #lunarnewyear #harrypotter #wekaypoh ♬ original sound – weKaypoh
Се чини дека Фелтон ја забележал возбудата на фановите. Актерот, кој неодамна ја повтори својата улога во бродвејската продукција „Хари Потер и проколнатото дете“, објави на својата инстаграм приказна фотографија од неговото лице на транспарент во кинески трговски центар.
На транспарентот било напишано „Магично будење кое привлекува изобилство богатство“ на мандарински јазик.

Инаку, од лансирањето на кинеските верзии на серијалот „Хари Потер“ на Џ.К. Роулинг во 2000 година, приближно 200 милиони примероци од книгите се продадени во Кина.
Минатата година, „Ворнер брадерс дискавери“ објави дека ќе изгради студиска тура за „Хари Потер“ франшизата во Шангај, која треба да биде поголема од постојните студиски тури на франшизата во Лондон и Токио.
Нарекувајќи го искуството „прва тура од ваков вид во Кина“, проектот, кој ќе се протега на околу 53.000 квадратни метри, се очекува да биде отворен во 2027 година.


