ФОТО+ВИДЕО: Над 1500 ловџии ловеле диви свињи на Шара, африканска чума немало кај ниту едно животно

Фото: Скриншот

На Шара ја нема болеста африканска чума кај дивите свињи, велат од Националниот парк „Шар Планина“ откако изминативе два ипол месеци ангажираа над 1500 ловџии за острел на диви свињи на Шара, со цел утврдување на вирусот.

„Во однос на болеста за која се зборува во јавноста, сите оние анализи кои ги презедовме од почеток на ноември, сите 13 резултати кои беа добиени од остреланите 13 диви свињи се покажаа како негативни. Од нашата институција нема детектирано свинска чума. Редовно вршиме проверки на теренот со ренџерската служба и на терен немаме евидентирано ниту една угината свиња, во која што е детектирана болеста. Имаме примероци од една угината свиња, но таа го загубила животот при удар на возило. Таму се работи за смрт од скршеница и таму не е евидентирана африканска чума. По препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство ние презедовме мерки и ангажиравме над 1500 ловџии. Беа дефинирани посебни услови, поминаа над 2 месеци. Беа направени 57 ловни денови и беше дефинирано правилно однесување, да не се пука без потреба, а беа застрелани 13 свињи и сите тие се негативни, односно кај ниту една свиња не е детиктирана свинска чума“, рече Анела Панајотова од Националниот парк „Шар Планина“

Минатиот месец од Агенцијата за храна и ветеринарство излегоа со информација дека кај дивата популација свињи болеста е потврдена на ловиште за крупен дивеч во село Вејце Општина Тетово. Од установата Национален парк „Шар Планина“ сметаат дека агенцијата, треба да ги преиспита овие информации.

Фото: Слободен печат

Фото: НП Шар Планина

„Не само што сме во контакт со агенцијата ние имаме и договор со оваа институција. Да излезе со информација дека на ловиште за крупен дивеч на територија на Шар Планина е утврдено свинска чума е некоректно оти на Шар Планина не е востановено дека има ловиште. Јас би ги замолила да ги ревидираат своите информации, дека по анализите кои ги имаме сите резултати се негативни и би сакала да дознаам за кој африканска чума се работи, кои се тие резултати за да можам и јас соодветно да преземам мерки за заштита на оваа популација, за да не ја изгубиме во природата“, рече Анела Панајотова од Националниот парк Шар Планина.

Минатиот месец од Агенцијата за храна и ветеринарство, излегоа со информација дека болеста африканска чума кај свињите не е евидентирана кај домашната популација свињи во Полошкиот регион.

Додека кај дивата популација на свињи, потврдена е на ловиште за крупен дивеч во село Вејце – Општина Тетово.

Албанија забрани увоз на свинско месо од С. Македонија освен ако не се докаже дека не е заразено со африканска чума

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот