Албанија забрани увоз на свинско месо од С. Македонија освен ако не се докаже дека не е заразено со африканска чума

Свинско месо/ Фото: ROBERT MICHAEL / AFP / Profimedia

Албанија престана да увезува свињи и свинско месо од земјава откако кај дел од овие животни е откриена болеста африканска чума, јави албанската телевизија „Ора Њуз“

Одлуката е донесена од страна на Министерството за земјоделство и рурален развој на Албанија, на неопределено време. Сепак, според одлуката на албанските власти, увоз на свињи и свинско месо од С. Македонија во Албанија ќе биде можно доколку со сертификати се докаже дека производите не се заразени со африканска чума.

Од македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот соопштија дека африканската чума последно е регистрирана во одгледувалиште на свињи во кумановското село Тромеѓа, каде што угинале 60 свињи.

Еден ден подоцна, жители на кумановското село Речица со блокади и протести се противеа на одлуката угинатите свињи од фармата во Тромеѓа да се закопаат во близина на нивното село, а во судирот со полицијата беа приведени четири лица. Од АХВ, пак, соопштија дека немаат сознанија зошто се бунат жителите на Речица, бидејќи закопувањето на угинатите свињи се врши на локација во селото Режановце, по одлука на локалните власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот